• недела, 22 декември 2024

Крводарителска акција на ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Крводарителска акција на ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организира крводарителската акција во рамки на одбележувањето на 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.

Хуманата акција, како што информираат од ССНМ, ќе се одвива координирано на неколку локации во Скопје, Битола, Струмица и Штип, во терминот од 08:00 до 14:00 часот.

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите денеска во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (Даре Џамбаз) изјави за медиумите ќе дадат претседателот на ССНМ, Павле Беловски, директорот на ЗНМ, Драган Секуловски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Акцијата се одржува со поддршка на Здружението на новинарите на Македонија и на Црвениот крст на Македонија. дма/лв/

Фото: ССНМ

Остани поврзан