• четврток, 26 март 2026

Крводарителска акција во Делчево со учество на епископот г. Марко

Крводарителска акција во Делчево со учество на епископот г. Марко

Делчево, 3 јули 2025 (МИА) – Во просториите на Општинската организација на Црвен крст – Делчево денеска се одржа крводарителска акција, на која учествуваа поголем број хумани граѓани. Меѓу нив беше и епископот на Делчевско-каменичката епархија, г. Марко, кој заедно со неколку свештеници даруваше крв во знак на поддршка и хуманост.

– Ова не е првпат да дарувам крв. Акцијата е резултат на соработката со Црвениот крст, а дарувањето го сметам како чин на љубов и грижа кон оние на кои им е најпотребна. Како што верниците даруваат крв за телесно спасение, така ние сме тука духовно да ги поддржиме, изјави епископот Марко.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираа дека залихите на крв на ниво на државата се на задоволително ниво. 

Организацискиот секретар на Црвениот крст – Делчево Ивана Ангеловски изрази благодарност до сите дарители, а особено до Владиката Марко за неговото присуство и поддршка. 

Поддршка на акцијата даде и Виолета Ѓорѓевска од Одделението за трансфузиона медицина, која е редовен соработник во крводарителските активности во Делчево. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан