Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната
- -Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.
Рим, 10 јули 2025 (МИА) - Русија треба да ја финансира обновата на Украина кога ќе заврши војната предизвикана од инвазијата на Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
-Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.
Тој истакна дека обновата мора да се темели и на правда, што подразбира, како што рече, дека Русија е одговорна за уништувањето што го предизвика, пренесе Анса.
-Агресорот ќе мора да ја преземе одговорноста за обновата на тоа што се обиде да го уништи, рече Кошта.
Европската комисија (ЕК) денеска, исто така, објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови по штетите што беа предизвикани од руските напади.сд/
фото:ЕПА