• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кочани со партнери од Франција и Бугарија ќе работи на реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи

Кочани со партнери од Франција и Бугарија ќе работи на реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи

Кочани, 5 август 2025  (МИА) - Во Кочани денеска официјално беше означен почетокот на проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, кој ќе се реализира во рамки на програмата „Еразмус +“.

Проектот е резултат на соработка меѓу  европски партнери, меѓу кои се: Општина Св. Ана од Франција, Општина Пазарџик од Бугарија, неколку невладини организации од регионот, како и Општина Кочани која е локален партнер од Македонија.

Главната цел на оваа мултилатерална соработка е развивање и имплементација на меѓудисциплинарна програма, насочена кон поддршка и пренасочување на адолесцентите, со фокус на нивна подобра интеграција во општеството.

-  На почеток сме на проектот што обработува специфична целна група, млади адолесценти во судир со законот. Како Општина сме горди на овој проект бидејќи и нам младите ни се проблем, меѓутоа проблематиката е специфична и бара специфичен пристап, рече пред присутните гости и учесници Аника Илијевска Ѓоргиева, координатор на проектниот тим на Општина Кочани.

- Се работи за вклучување млади во судир со законот во програма за реинтеграција, каде ќе учат одредени вештини, ќе бидат вклучени на онлајн платформа за учење. Се надеваме дека ќе имаме резултати и, секако, очекуваме добра соработка и градење на капацитети со партнер општините, нагласи Илијевска Ѓорѓиева.

Проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, кој е составен дел на  програмата „Еразмус +“, ќе трае две години. ис/мд/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан