• понеделник, 23 декември 2024

Костовски: 53 милиони од ЕУ за три капитални проекти, придобивките од евроинтеграцијата на дело

Костовски: 53 милиони од ЕУ за три капитални проекти, придобивките од евроинтеграцијата на дело

Скопје, 3 февруари 2023Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата и раст на стандардот.53 милиони за Северна Македонија одобри Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови за три нови проекти.Средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.Претходно, во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија-Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици Осломеј 1 и Осломеј 2, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.Ова е директна и конкретна помош а нашата држава да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.Средствата од европските фондови обезбедуваат унапредување на енергетската независност и заштита на животната средина што понатаму сериозно влијае врз подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.Со напредокот во евроинтегративниот процес, ќе се отвораат и нови фондови, поддршката за нашата држава ќе биде уште повеќе изразена и затоа е важно секој од нас да покаже одговорност, да даде свој придонес кон носењето на потребните реформи.Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните.

 

Костовски: Нема промена во ВМРО-ДПМНЕ, иста насилничка матрица, амнестија за 27 априле е неприфатливо

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело. Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесе сет, односно неколку сета на антикризни мерки во сред економска, ковид криза, тогаш бегаа.

Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики. 

Ние сме конзистентни во нашите ставови, за нас не е прифатливo амнестија за насилници којшто влегоа на тој  црн 27 април.

 

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават штета врз ликот и делото на Гоце Делчев

Првин сакам да го кажам апелот од страна на СДСМ, од страна на Извршната власт до секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром , Влав, Србин и други, да бидеме доследни, да бидеме како и многу пати до сега добри домаќини. Државата преку своите институции покажа дека функционира, институциите секогаш се на висина на својата задача.Страшно е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев. Едноставно ликот и делото на Гоце Делчев не го заслужуваат ова.Мицкоски по којзнае кој пат како наследник на ликот и делото на Ванчо Михајлов, како лидер на партија која што градеше споменик на Ќосето, како партија која што ги воспеваше по нивните партиски настани Ванчо Михајлов и Тодор Александров уште еднаш сака да зоврие тензии во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.Граѓаните се доволно свесни и повторно ќе ја покажат својата одговорноост кон обидот на ваквите фрустрирачки обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пред се да направат нервоза, вознемирување кај Македонците и да на некој начин го попречат се она што досега го имаме стекнато како партија во делот на евроинтегрирањето на државата.

 

 

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан