• среда, 01 април 2026

Костовски на ФБ: Целосно е реконструирана улица „2“ во населеното место Расадник

Костовски на ФБ: Целосно е реконструирана улица „2“ во населеното место Расадник

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник. при што оцени дека улицата во најбрз можен рок е целосно рекностуирана и завршена.

-Продолжуваме со градежната офанзива и ги реализираме ветувањата. Направив увид во градежните активности на улица „2“ во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 250 метри и површина од 1000 квадратни метри, напиша Костовски на својот фејсбук профил.

Најави дека во ова населено место наскоро ќе се реконструираат и улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.

-Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење, порача Костовски на Фејсбук. вј/дма/

Фото: Фејсбук Костовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан