Костова: Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но се поретки во нашето опкружување
- Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување, пишува потпретседателката на СДСМ Кристина Костова на Фејсбук за објавата дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од тимот на кандидатот за градоначaлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 1 август 2025
Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување, пишува потпретседателката на СДСМ Кристина Костова на Фејсбук за објавата дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од тимот на кандидатот за градоначaлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, што МИА ја пренесува интегрално.
Ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок.
Каприциозните мегаломански очекувања на индивидуата не смеат да ги прегазат професионалните и човечки принципи кои се суштински за одржување здраво општествено ткиво.
Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки.
Ставовите и позициите се кристализирани.
Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.
СДСМ