• среда, 24 јули 2024

Костадиновска Стојчевска: Честит Денот на независноста на САД, наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации

Костадиновска Стојчевска: Честит Денот на независноста на САД, наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации и споделуваме заеднички вредности во сите општествени сфери, вклучувајќи ја и културата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по повод Денот на независноста на САД.

Според министерката, од особена важност е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, преку Амбасадорскиот фонд на САД, со што долгорочно се заштитуваат културните добра од светско значење.

-Честит 4-ти јули, Денот на независноста на САД. Упатувам длабоко почитување и искрена благодарност за сета поддршка и пријателство кои ги добиваме од првиот ден на нашата независност. Нашето членство во НАТО само го потврди сојузништвото во име на мирот и демократијата, потенцира Костадиновска Стојчевска.

Таа го поздрави враќањето на Соединетите Американски Држави во УНЕСКО, како една од државите основачки на оваа Организација.бт/цр

Фото:МИА

 

Остани поврзан