• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска Стојчевска: Нема повредени во пожарот во Универзалната сала, има материјална штета

Костадиновска Стојчевска: Нема повредени во пожарот во Универзалната сала, има материјална штета

Скопје, 9 април 2024 (МИА) – Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Универзалната сала каде што претпладнево избувна пожар, изјави дека нема жртви, направена е само материјална штета и набрзо ќе се утврди колкава е штетата пред да се продолжи со градба. Таа испрати апел за брзо расчистување на случајот.

-Најпрво жалам што денес сме овде со оваа причина. Јас сум прилично многу вознемирена од ова што го гледаме позади нас. Утринава околу 9 часот бевме информирани дека изби пожар во Универзална сала и веднаш дојдовме тука. Ова што го гледаме сега е дека веќе пожарот е локализиран и дека е веќе изгаснат. Се повикувам за брзо постапување од страна на сите институции, тука со нас се присутни и претставници од надзорот, од изведувачите, од фирмата која што ја гради Универзална сала и апелирам за брзо расчистување за кои се причините за пожарот што се случил и апелирам на тоа да не се шират шпекулации, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека пред да се продолжи со градба ќе се утврди колкава е штетата. Напомена дека објектот е осигуран, што значи дека од осигурувањето ќе се санира штетата која што е направена и потоа ќе се продолжи со градба.

- Пред да се продолжи со какви било активности заедно со стручни лица од Градежен факултет и сите релевантни институции коишто учествуваа и денеска ќе се утврди која е причината за штетата. Уште еднаш да повторам, нема жртви и нема повредени на самиот објект, рече министерката.

На новинарско прашање каква е проценката на штетата, Костадиновска Стојчевска рече дека за ова можат да одговорат инвеститорот и надзорот и раководителот на објектот.

- Јас би сакала тие да дадат постручен одговор на тие прашања затоа што се она што јас ќе го изјавам може понатаму да биде поинаку да биде истолкувано. Би сакала и тие да ви дадат одговор на она што како штета се случило внатре, иако би сакала да заврши увидот и надзорот за да можеме да кажеме што всушност се случило и која е вистинската причина за пожарот, рече министерката.

Таа доаде дека ве известуваат тековно, редовно, транспарентно за да имате информации што е точно она што се случи токму заради тоа за да се избегнат шпекулации од секаков вид. бд/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан