• понеделник, 23 декември 2024

Косовски државјанин повреден на објект во изградба во Бутел

Косовски државјанин повреден на објект во изградба во Бутел

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Косовски државјанин вчера се здобил со повреди на објект во изградба на подрачјето на Бутел, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Д. од Косово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на објект во изградба на подрачје на Бутел, се посочува во соопштението на Министерството.

Од МВР информираат дека бил извршен увид на местото на несреќата. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан