Косовските власти уапсија две лица во Приштина поради знамиња на терористички организации
- Косовските власти уапсија две лица во Приштина под обвинение за поттикнување поделби и нетрпеливост, објави Радио-телевизија на Косово.
Приштина, 2 мај 2025 (МИА) - Косовските власти уапсија две лица во Приштина под обвинение за поттикнување поделби и нетрпеливост, објави Радио-телевизија на Косово.
Според полицискиот билтен, при претрес на домот на осомничените биле запленети електронски уреди и знамиња со натписи на арапски јазик, кои, според полицијата, се поврзани со терористички организации.
Двајцата уапсени се мажи со косовско државјанство и се задржани во притвор со одлука на обвинител. ссм/
фото: архива