Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА
- Обвинителството предложи продолжување на притворот на осомничените до завршување на судската постапка.

Приштина, 20 февруари 2025 (МИА) – Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.
Во соопштението се наведува дека двете лица Б.Ш и М.К се осомничени за шпионажа и М.К. и за неовластено поседување оружје.
Обвинителството предложи продолжување на притворот на осомничените до завршување на судската постапка.
Медиумите во Приштина објавија дека обвинението е покренато против Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, кои се во притвор од нивното апсење минатата година.сд/
фото:МИА архива