Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
- Попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 13-тиот степен.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 13-тиот степен.
Врнежи попладне се очекуваат и во Скопје, каде што максималната температура во текот на денот ќе достигне 12 степени.
Променливото облачно време ќе се задржи и во следниот период. бак/сст/
Фото: МИА архива