• четврток, 23 мај 2024

Концерт по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски - Џафер

Концерт по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски - Џафер

Скопје,13 април 2024 (МИА) - По повод 50 години музичка кариера Мики Јовановски - Џафер вечер во Јавна соба ќе одржи јубилеен концерт. Најавени се голем број гости музичари.

Мики Јовановски - Џафер, е македонски рок музичар, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др.. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на „Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски - Џафер награда за интерпретација. Воедно добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. см/ев/

Фото: Снежана Нена Гиевска

Остани поврзан