• сабота, 06 декември 2025

Концерт на Јанг Дади вечер во Паркот на франкофонијата

Концерт на Јанг Дади вечер во Паркот на франкофонијата

Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Центар денеска ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи, Јанг Дади, што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19 часот, соопштија од локалната самоуправа.

Во писмена изјава, градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.

- Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна, додава Герасимовски, истакнувајќи дека ги чека сите на музика што поврзува. бд/са/

Фото: Постер

 

Остани поврзан