• четврток, 04 јули 2024

Концерт на класична музика во изведба на младите таленти од Крива Паланка

Концерт на класична музика во изведба на младите таленти од Крива Паланка

Крива Паланка, 4 јули 2024 (МИА) - На сцената во Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа блеснаа младите музички ѕвезди, талентирани музичари од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски што раководи со музичкото студио на НУЦК, чиишто членови вечерва се претставија пред публиката во Градот на културата.

Концертот беше дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето" и манифестацијата „Крива Паланка -Град на културата".

-Сцената беше преполна со млади музичари, а салата со бројна публика: родители, роднини и пријатели на учесниците и љубители на класичната музика. Презадоволна сум од сите мои ученици кои настапија со инструментална и вокално - инструментална музика, во соло, камерни состави и оркестарот. Сите заедно работат при музичкото студио на НУЦК, а публиката што дојде во голем број ја проследи виртуозноста на младите таленти уживајќи во  композиции од барок, класика, романтизам, класицизам, филмска и македонска народна музика, изјави наставник - ментор Лариса Жулина- Митовски.

Настанот го збогатија настапите на балетските студија „Фјужн" и „Ултра" од Куманово, како и музичарите Душан Ангеловски - ударни инструменти и Млаѓан Митовски - гитара. ид/дма/

Фото:МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан