• недела, 30 јуни 2024

Концерт на канадскиот џез-вокалист Ори Даган на затворање на „Скопско лето“

Концерт на канадскиот џез-вокалист Ори Даган на затворање на „Скопско лето“
Скопје, 30 јули 2022 (МИА) - Со концерт на канадскиот џез-вокалист Ори Даган, кој ќе го промовира својот албум „Click right here“, на платото на Ист гејт мол вечер ќе биде затворена манифестацијата „Скопско лето“. Тој на концертот во Скопје ќе настапи со врвни џез-музичари од државава: Трајче Велков - труба, Кирил Кузманов - алт саксофон, Иван Иванов -тенорсаксофон, Сашко Николовски - тромбон, Гордан Спасовски - пијано, Зоран Костадиновски - гитара, Кирил Туфекчиевски - контрабас, Виктор Филиповски - тапани. Даган е победник на натпреварот за текстописци и композитори „The Great American Song Contest “. Тој настапува со многубројни северноамерикански ансамбли изведувајќи џез-класици и авторски композиции. Концертот е во продукција на „Канадскиот музички центар“ при Полифониа и „Davorius Productions“. рп/ац/

Остани поврзан