• понеделник, 04 ноември 2024

Концерт на Алтус Ансамбл во Филхармонија

Концерт на Алтус Ансамбл во Филхармонија

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почетот од 20 часот ќе биде одржан концерт на Алтус Ансамбл.

Уметнички директор на овој ансамбл е Паскал Галоа, а членови се Гонца Богоромова Краповски - сопран, Елена Стојческа - флејта, Игор Иванов - кларинет, Мартин Димитров - виолина, Александар Лаовски -  виола, Паскал Краповски - виолончело и Маријана Николовска - пијано.

Алтус ансамбл, оформен по иницијатива на Центарот за едукација и Музика ЦЕМ МКД, се стреми кон поддршка на современите композитори преку создавање на нови дела и обраќање кон нова публика преку амбициозна програма која вклучува дела од 20ти век.

На секој концерт премиерно изведува дела од македонски композитори, а има настапувано на Фестивалите Охридско лето, Денови на Македонска Музика во Македонија, Динамик фест во Салцбург, како и на фестивалот во Киберон, Франција, по резиденцијата на која ја претставија македонската култура и музика преку концерти и педагошки работилници. 

На концертот во Филхаромија се одбележуваат 100 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски и 50 години од смртта на Андре Жоливе. 

На програмата се и дела од композиторите : Дарија Андовска, Филип Иванов, Горан Начевски, Ана Марија Тобиас и Панде Шахов. са/дма/

Фото: Алтус Ансамбл

 

 

Остани поврзан