• петок, 22 ноември 2024

Светска премиера на две композиции на Дарија Андовска

Светска премиера на две композиции на Дарија Андовска

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Во Операта во Токио (Tokyo Opera) вечер е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од македонската композиторка Дарија Андовска. 

Композицијата, како што информира Андовска, е напишана за нашиот светски реномиран тенор Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на љубителот на македонската музика Казухиро Котецу. Концертот е по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. 


Во Скопје вечер е светската премиера на „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за ансамблот „Алтус“ (Altus New Breath Ensemble), кој е на релација Франција - Северна Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски - сопран, Елена Стојческа - флејта и Маријана Николоска - пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми. Таа е редовен професор на Факултетот за музичка уметност - Скопје при УКИМ, каде во моментов ја извршува функцијата декан. мд/са/

Фото: Дарија Андовска 

 

Остани поврзан