Конференција: Се унапредуваат јазичните права на помалубројните заедници
- Одлична е промената на свеста, но и на политичката парадигма на нашата држава затоа што сериозно учествуваме во градење на концептот на едно општество за сите. Применуваме сериозни мерки и ве
Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) - Одлична е промената на свеста, но и на политичката парадигма на нашата држава затоа што сериозно учествуваме во градење на концептот на едно општество за сите. Применуваме сериозни мерки и веруваме дека значително ќе се подобрат правата на заедниците под 20 отсто, вклучитлено и нивните јазични права.
Ова денеска го истакна заменик директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Џелал Хоџиќ, на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците во РСМ“ која е во организација на Агенцијата за примена на јазикот.
Според Хоџиќ, помалубројните заедници го користат правото на образование на мајчин јазик, го користат својот јазик во единиците на локална самоуправа, и го користат јазикот во јавниот радиодифузен сервис каде што има редакции на заедниците.
-Дека јазикот е богатство не е некоја новина, дека со години се обидувавме да ги оствариме јазичните права во Република Северна Македонија, исто така не е новина, но сакам да кажам дека Агенцијата за оставрување на правата на заедниците даде свој придонес во носењето на законот за јазици пред две години, свесни дека правата не се дадени еднаш засекогаш туку тие мора да се унапредуваат, додаде Хоџиќ.
Тој посочи дека постои потреба да се заштитат јазиците на помалубројните заедници, додавајќи дека има сериозни укажувања од меѓународниот фактор и од домашните релеватни инсистуции, дека влашкиот јазик може да се најде пред изумирање и мора да се најдат системски мерки за заштита на јазикот на помалубројните заедници.
Енвер Хоџај, поранешен премиер и министер за надворешни работи на Косово во своето обраќање денеска рече дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците е најдобриот пример на демократизација.
-Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, мислам дека беше голем настан не само за цивилните, граѓанските права на Албанците во Македонија туку беше голем настан и за регионот, бидејќи беше најдобриот пример на демократизација не само внатрешна во Македонија и општеството туку беше и пример како може да се решат разните аспекти на идентитетот, бидејќи ова пред се се надоврзува со идентитетот, со едно мултиетничко општество каква што е вашата земја, рече Хоџај.
Додаде оти Косово може да биде добар пример во спроведувањето на јазичните политики, имајќи ја предвид, како што рече, етничката пропорција која ја имаат заедниците кај нас во Косово, и големиот јазичен простор кој ние го нудиме за разните етникуми во Косово.
Оваа Меѓународната научна конференција продолжува и утре за укажување на предизвиците на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во земјава.мс/бт/