• недела, 22 декември 2024

Конференција за промовирање на стратегијата на УСАИД зa партнерство со приватниот сектор

Конференција за промовирање на стратегијата на УСАИД зa партнерство со приватниот сектор

Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на проектот за развој на деловниот екосистем денеска ќе биде организирана конференција за промовирање на стратегијата на УСАИД зa партнерство со приватниот сектор.

-УСАИД во партнерство со водечки компании од земјата, веќе имаат спроведено успешни иницијативи водејќи се според оваа стратегија. Стратегијата става акцент на подигнување на продуктивноста на компаниите и влијае на зголемување на нивната конкурентност на домашни и странски пазари, велат од УСАИД.

Конференцијата, додаваат оттаму, ќе биде и завршен настан на овој петгодишен Проект, а на неа ќе бидат споделени успешните приказни остварени во периодот од 2017 до 2022.  

Организаторите најавуваат дека на конференцијата ќе се обратат претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл, министерот за економија, Крешник Бектеши и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини.   

На две одделни панел дискусии ќе се обратат и директори на водечки компании (Млекара Битола, Амфенол, Кулитекс, Фх3х, ЛК Разбери), како и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. 

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој започна во 2017 година, работеше на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП). Проектот работеше со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Исто така, во соработка со финансиски консултанти и институции, Проектот работеше на зголемување на финансирањето достапно за ММСП. Дополнително, Проектот работеше и на развој на синџири на добавување во екосистемот со цел да се подигне конкурентноста на компаниите, влијаејќи директно на растот и оддржливоста на економијата. сст/бак/

Остани поврзан