• вторник, 14 мај 2024

Конференција „Дипломатија - мост помеѓу нациите“

Конференција „Дипломатија - мост помеѓу нациите“
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на дипломатите - 24 Октомври, денеска на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи  конференција „Дипломатија - мост помеѓу нациите“.  Оваа конференција е во организација на Филозофскиот факултет и студентите од Меѓународни и интеркултурни студии.

Како што е најавено, свое излагање на конференцијата ќе имаат Дејвид Гир, Делегација на ЕУ, Сирил Бомгартнер од Амбасадата на Француска Република, Анке Холштајн од Амбасадата на Федерална Република Германија, Градимир Шумковски, почесен конзул на Државата Израел и Нивес Тигањ од Амбасадата на Република Хрватска. бт/нд/

Остани поврзан