• понеделник, 29 април 2024

Конго: Најмалку 10 цивили загинаа во напад на исламските бунтовници

Конго: Најмалку 10 цивили загинаа во напад на исламските бунтовници

Бени, 13 април 2024 (МИА) – Исламски бунтовници се осомничени дека убиле најмалку 10 цивили за време на напад што се случи вчера во близина на градот Бени на истокот на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти и потврди извор од мировната мисија на Обединетите нации.

Напаѓачите пукале во луѓе кои работеле на нивите во комуната Мулекера во близина на Бени, изјави денеска градоначалникот на Мулекера, Нгонго Мајанга.

- Досега се пронајдени седум жртви, меѓу кои и тела на три жени. Сигурно има и други жртви кои ќе ги најдеме во продолжението на потрагата, рече Мајанга и за злосторството ја обвини бунтовничката група Демократски сили (АДФ).

Извор од мировната мисија на ОН во источно Конго, исто така, потврди дека се убиени вкупно 10 лица.

Бунтовниците на АДФ дојдоа од соседна Уганда, но сега се сместени во источно Конго, ветија верност на Исламската држава и често вршат напади кои дополнително го дестабилизираат регионот каде што се активни бројни милитантни фракции. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан