• четврток, 21 ноември 2024

Конаковиќ: Имаме многу заеднички можности за да се реализираат нашите цели и полесно е ако се обединеме сите земји од Западен Балкан

Конаковиќ: Имаме многу заеднички можности за да се реализираат нашите цели и полесно е ако се обединеме сите земји од Западен Балкан

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) – Регионалните односи се многу важни и со задоволство можам да истакнам дека со властите кои досега ги водеа процесите имавме фантастични односи, настапувавме заеднички во интерес на граѓаните на двете земји. Јас како министер за надврешни работи, а можам да гарантирам во името на моите колеги, ќе продолжиме со таа добра пракса и се надевам и очекуваме Владата на Северна Македонија да има ист пристап и да сфати оти имаме многу заеднички можности за да се реализираат нашите цели и оти е полесно ако се обединеме сите земји од Западен Балкан, изјави Елмедим Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ).

Тој во интервју за Сител телевизија нагласи дека за посебно добри ги смета билатералните односи на Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

На новинарско прашање дали постои ризик по безбедносната стабилност на земјите од Западен Балкан, министерот Конаковиќ истакна дека на овој географски простор историјата не учи дека мораме да бидеме внимателни и дека таквите безбедносни ризици се секогаш присутни.

- Ако постојат доволно храбри политичари – лидери кои размислуваат за своите граѓани, тие ќе го стават фокусот на економијата, на регионалната соработката, на шансата да се интегрираме во ЕУ. Ако нема такви политичари, повторно мораме да бидиме внимателни заради оние кои креираат конфликтни наративи, рече министерот за надворешни работи на БиХ.

Осврнувајќи се на кандидатскиот статус за полноправно членство на БиХ во ЕУ, тој потенцира дека тоа е историска одлука која дава шанса за понатамошен развој и оти не гледа друга алтернатива освен ЕУ.

Прашан колку е реално очекувањето за полноправно членство во ЕУ до 2030 година, Конаковиќ смета дека ако успееме, како што рече меѓу другото, да го избегнеме руското влијание, сигурно овој дел би можел да се интегрира во ЕУ до 2030 година.

- Ги следевме состојбите и искуствата што ги имаше Северна Македонија и она што можеме да го наречеме некоректен однос на ЕУ кон напорите на властите во Северна Македонија, кои сработија добар дел од работите и не се за тоа наградени. Знаеме дека тој процес има свои стандарди и барањата мора да ги исполниме. Факт е дека ЕУ ја смени политиката на проширување заради агресијата на Украина во прв план и дека безбедносниот аспект има големо влијание на промена на одлуките. Ми се чини дека сега поконкретно и покоректно се однесуваат кон овој простор на Европа или Западен Балкан и тоа отвори нова можност и моментум за сите нас во Регионот,  рече Елмедим Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) вечерва во интервју за Сител телевизија. цр/

Фото: принтскрин

Остани поврзан