• сабота, 25 мај 2024

Комисија на ОН го обвинува Израел дека ја попречува истрагата за нападите на 7 октомври

Комисија на ОН го обвинува Израел дека ја попречува истрагата за нападите на 7 октомври

Женева, 16 април 2024 (МИА) – Истражната комисија на Обединетите нации го обвини Израел дека активно ги попречува нејзините напори за собирање докази од жртвите и сведоците од прва рака на нападите на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.

- Што се однесува до владата на Израел, се соочивме не само со недостиг на соработка, туку и активна опструкција на нашите напори да добиеме докази од израелските сведоци и жртви на настаните што се случија во јужен Израел, рече комесарот Крис Сидоти на денешниот брифинг на ОН за дипломати во Женева, организиран од Египет.

Истражната комисија на ОН собира докази за воени злосторства извршени од сите страни во Израел и на палестинските територии од 7 октомври 2023 година.

Комесарот апелираше до израелската влада да соработува и ги повика жртвите и сведоците на настаните во јужен Израел да контактираат со комисијата.

- Имаме контакт со многумина, но би сакале да имаме контакт со повеќе, рече Сидоти, пренесе Си-Ен-Ен. јт/

Фото: Х

Остани поврзан