• недела, 22 декември 2024

Колумбиецот Синистера останува во Борнмут

Колумбиецот Синистера останува во Борнмут

 

Лондон, 9 февруари 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Борнмут потпиша денеска долгогодишен договор со колумбискиот репрезентативец Луис Синистера (24).

Синистера во септември лани дојде во Борнмут како позајмен фудбалер од второлигашот Лидс и со своите настапи во редовите на премиерлигашот, за кој постигна три голови со исто толку асистенции, толку многу го импресионираше раководството на Борнмут што клубот веќе сега одлучи да го откупи неговиот договор и да го обврзе на долгорочна соработка.

Според англиските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 20 милиони фунти. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан