Колумбиецот Дијаз сака да остане во Ливерпул
- Колумбискиот крилен напаѓач Луис Дијаз (28), за кого се шпекулираше дека ќе се приклучи на Барселона, изјави дека сака да остане во Ливерпул онолку долго колку што тие го сакаат на „Енфилд“, објавија денеска британските медиуми.
Ливерпул, 14 мај 2025 (МИА) – Колумбискиот крилен напаѓач Луис Дијаз (28), за кого се шпекулираше дека ќе се приклучи на Барселона, изјави дека сака да остане во Ливерпул онолку долго колку што тие го сакаат на „Енфилд“, објавија денеска британските медиуми.
„Од првиот ден во „Црвените“, сум среќен човек. Уживам играјќи за овој клуб, кој е вистинска институција. Што се однесува до мене, би сакал да останам што е можно подолго, но не зависи сè од мене“, рече Дијаз, кој оваа сезона постигна 17 голови и додаде осум асистенции за новиот англиски првак.
Колумбискиот репрезентативец пристигна во Ливерпул во јануари 2022 година од Порто за сума од 54 милиони евра.
Неговиот договор истекува во јуни 2027 година, но раководството на Ливерпул сака што поскоро да се договори за продолжување на соработката и по тој рок. ег
ФОТО: ЕПА