• среда, 25 декември 2024

Колева: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го следат интересот на граѓаните и државата

Колева: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го следат интересот на граѓаните и државата

Скопје, 6 јуни 2023 

Нашата држава, нашиот народ е пред историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите, со цел полноправно членство во ЕУ најдоцна до 2030 година.

Сега е потребно да ја искористиме таа шанса, да се искористи силната и конкретна поддршка од нашите сојузници во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД.

Пред сите политички партии, пред сите политички субјекти, вклучително и Христијан Мицкоски е одлуката: или ќе се приклучат кон европскиот блок или ќе останат во блокот на Левица кој е за изолација.

Одлука треба да донесат и колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикуваме да го следат интересот на граѓаните и државата, а не партиската кариера на еден човек, на нивниот претседател Мицкоски.

Гласот ЗА Европа е глас за напредок во евроинтеграциите, глас за членство во ЕУ, глас за повисок економски стандард, за нови можности за младите да останат дома и да живеат во земја - членка на ЕУ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да кажат НЕ на мениците, на нотарските изјави и евентуални списоци што се креираат според волјата на еден човек.

Да кажат ДА за обединување околу европскиот пат на земјата и остварување на стратешката цел согласно волјата на народот.

Неопходен е широк меѓупартиски консензус, не само за оваа одлука, туку и за сите реформи во иднина што се потребни за продолжување на европскиот пат.

Пратениците тоа им го должат на своите сограѓаните, но и на идните генерации.

Членството во ЕУ е децениска стратешка определба и секој од нас треба да стори се за таа стратешка цел да се оствари што е можно побрзо. 

Прес-конференција, Даниела Колева,пратеничка на СДСМ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

МИА ФОТО: Архива 

Остани поврзан