• петок, 29 март 2024

Ковачевски: Обезбедувањето на клучната инфраструктура, борбата против кибер нападите и создавање фонд за поддршка за Украина приоритетни теми на Самитот во Кишињев

Ковачевски: Обезбедувањето на клучната инфраструктура, борбата против кибер нападите и создавање фонд за поддршка за Украина приоритетни теми на Самитот во Кишињев

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - На свеченото отворање на вториот Самит на Европската политичка заедница, главниот фокус е на заедничките напори за мир и безбедност, енергетска отпорност и климатска акција и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан и постабилен континент, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Со лидерите на земјите од европскиот континент, најави тој, ќе разговараме околу обезбедувањето на клучната инфраструктура, засилување на борбата против кибер нападите, создавање фонд за поддршка за Украина и многу други теми.

- Очекувам плодни дискусии и конкретни планови и активности кои ќе ни овозможат стабилност и безбедност и секако поефикасно справување со економските и енергетските предизвици предизвикани од војната, објави Ковачевски на фејсбук. цр/сп/

Фото: Димитар Ковачевски фејсбук

Остани поврзан