Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија
- Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. П

Скопје, 25 јуни 2022 (МИА) - Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
- Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани - донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме, објави на својот Фејсбук профил Ковачевски.
Затоа, порача Ковачевски, грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. аа/сп/
