• четврток, 19 декември 2024

Ковачевски на Самитот на ЕУ за Западен Балкан

Ковачевски на Самитот на ЕУ за Западен Балкан
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел, во која се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на работната посета на Брисел предвидено е Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.бт/sa/

Остани поврзан