• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: Инсталиравме 152 мегават часови за само една година, зелената енергетска трансформација е во полн ек

Ковачевски: Инсталиравме 152 мегават часови за само една година, зелената енергетска трансформација е во полн ек
Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, реплицирајќи му на пратеникот Димитар Апасиев од Левица, се осврна на постигнувањата во енергетскиот сектор, како и на покачувањата на платите.-До минатата година кога јас станав премиер точно е дека се увезуваа 30 отсто струја до 35 проценти, сега ако ги погледнете податоците за овој јануари се увезуваат 18 отсто, 83 проценти од домашно производство, бидејќи домашното производство е зголемено за 40 отсто во однос на предминатата година. Кога зборуваме за инсталиран капацитет само минатата година во државата се инсталирани 152 мегавата капацитети за производство на електрична енергија што е еднакво на капацитетите градени со години - Козјак, Св. Петка и ветерниот парк Богданци. Оваа електрична енергија може да снабдува и снабдува пет градови во земјава, истакна Ковачевски.
Во врска со платите, премиерот потсети дека во 2012 година просечната плата беше 20 900 денари, а минималната 8 050 денари.
 
-Тогаш беа потребни четири просечни плати за покривање на минималната кошничка во години кога нема војна и кога нема инфлација предизвикана од воени дејствија во најголемата житница во Европа. Во 2013 година просечна плата 21 000 денари, потребни беа четири просечни минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, бидејќи и тогаш беше 8 050 денари минималната плата. Денес 34 000 денари е просечна плата, минимална плата е 18 000, а ќе стане над 20.000 денари во март и потребни се 2,4 минимални плати покривање на потрошувачката кошничка во  услови на инфлација предизвикана од војна во Украина, рече премиерот Ковачевски. мч/фф/

Остани поврзан