Ковачевски: Имаме силна и конкретна поддршка од САД за членство на земјата во ЕУ
- Ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат, порача премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер.
Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат, порача премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер.
Како што наведе Ковачевски, со Мајер, покрај за евроинтеграцискиот процес разговарале и за поддршката од САД во исполнување на нашите стратешки цели.
- Се согласивме дека храбрите одлуки носат успех, Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД. Тоа ќе го правиме рамо до рамо со нашите стратешки партнери САД, додаде Ковачевски во објавата. сп/
Фото: Фејсбук