• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: Ги научивме нашите грешки, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Ковачевски: Ги научивме нашите грешки, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Скопје, 14 април 2024

Ги научивме нашите грешки, знаеме кои се, кога се признаваат грешки тие може да се поправат, но она што е главен избор на овие претседателски и парламентарни избори е јасната визија на СДСМ и коалицијата, на претседателот Стево Пендаровски за европска интеграција на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.

Имајќи чест да ја предводам Владата во 2 од 7 години колку што СДСМ и коалицијата имаа одговорност да ја предводат Владата, сметам дека никој подобро од мене не знае од што се незадоволни граѓаните, додаде Ковачевски.

-Пред се тука мислам на високите цени, на недоволното владеење на правото и на потребата за подобра борба со корупцијата. Од друга страна ние работевме во услови а навистина голмеа и енергетска криза, која што особено се засили по војната во Украина. Во тој период успеавме да ги зголемиме и платите и пензиите, ако ги споредиме само пензиите во однос на 2016 тие се зголемени за 50%. Минималната плата е зголемена за 3 пати во однос на 2016. Просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016, поддржавме огромен број на компании, граѓани земјоделци, невработнеи лица, самохрани родители, со 9 пакети на антикризни мерки и на тој начин успеавме да спасиме 80.000 работни места во време на пандеијата секако и во време на енергетската криза. Успеавме да обезбедиме услови би рекол граѓаните на најдобар начин ја пребродат кризата, рече Ковачевски. 

СДСМ, Коалицијата и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се единствена опција за европска иднина на државата, потенцираше Ковачевски.

-Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски: Со Пендаровски имаме план за членство на Македонија во ЕУ до 2030 година


Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кој немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денека во изјава за медиумите.


Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме. Така и ќе продолжиме ние сме гаранти за таа сигурност, безбедност и за јасна визија на државата, додаде тој. 

-Од друга страна ги гледаме ветувањата кои ги дава опозицијата, ти не се ништо различни од она што го даваа на локланите избори, дури и кампањата им е иста. Исто како што ја шетаа градоначалничката на Скопје, Арсовска вечејќи дека таа ќе биде решението за Скопје, дека Скопје ќе стане најчиста метропола со електрични автобуси, со средени улици и тротоари, денес гледаме дека Скопје е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко. Тоа се оечкувањата кои може да ги очекуваме и од претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Со оглед на тоа и ветувањата кои ги даваат практично немаат никаков план, мерки кои би ги спровеле туку се празни ветувањата исто како што се случуваше во Скопје, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

Ковачевски: Колку е значајно членството во НАТО за нашата безбедност гледаме сега во време на конфликти


Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, денес во изјава за медиуми ја посочи важноста на носењето тешки во однос на влегувањето во НАТО чија придобивка може да се види денес додека низ светот земаат замав воени конфликти. 
 
-Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Не е само војната во Украина, туку и конфликтот во појасот Газа, вие гледате дека во текот на вчерашниот и денешниот ден има вооружен напад на Иран врз Израел. Тоа е да кажеме географски далеку од нас, но сепак земја која е дел од најголемиот одбранбен воено безбедносен сојуз во светот НАТО не смее да се грижи и не треба да се грижи за својата безбедност и сигурност на граѓаните. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.
 
-Така и ќе продолжиме ние сме гаранти за таа сигурност, безбедност и за јасна визија на државата. Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да тоа го направат. - рече Ковачевски.

 

 

Линк до видео: https://youtu.be/PHDQlkXtrIw

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан