Ковачевски - Вуцас: Силна поддршка од Австрија за европерспективите на земјава
- Австрија изразува силна поддршка за европерспективите на Северна Македонија и ја поздравува новата динамика во преговорите помеѓу Скопје и Софија, порача австрискиот амбасадор во земјава Геор

Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Австрија изразува силна поддршка за европерспективите на Северна Македонија и ја поздравува новата динамика во преговорите помеѓу Скопје и Софија, порача австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Како што соопшти владината Прес-служба, Ковачевски на средбата се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што Австрија ѝ ја дава на Северна Македонија во сите области.
- Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности, рече премиерот Ковачевски. сп/
