• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: Во првите два месеци од годинава стапката на криминалитетот намалена за дополнителни 33 проценти

Ковачевски: Во првите два месеци од годинава стапката на криминалитетот намалена за дополнителни 33 проценти

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Само минатата година МВР има идентификувано 164 случаи на корупција во кои се вклучени поединци или правни лица, и кои потоа се процесуирани. Ако ги погледнеме бројките, стапката на криминалитетот во текот на 2022 година е намалена за 33 проценти во однос на претходната година, а во првите месеци од оваа година бележиме намалување за дополнителни 33 проценти, посочи премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вечерва во гостувањето на емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 говорејќи за корупцијата, посочи дека ни е потребно унапредување на секој систем во општеството, и токму затоа е важно членството во Европската Унија.

-Она што на нас ни треба, е постојано унапредување на секој систем и затоа јас сум еден од најголемите поборници за членство во ЕУ, бидејќи еден од клучните критериуми за влегување во ЕУ е кластерот во кој влегува и владеење на правото, што точно ќе ги каже и ќе ги детектира сите оние области во кои треба да се унапреди владеење на правото во нашата држава. Целта е да имаме општество кое ќе биде на исто ниво со оние општества со кои се споредуваме, односно со државите членки на ЕУ, рече Ковачевски. бт/нд/

Фото/ Влада 

 

Остани поврзан