• понеделник, 18 ноември 2024

Ковачевски: Во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со кредиторите (ДПЛ)

Ковачевски: Во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со кредиторите (ДПЛ)
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) – Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто. Прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна, вели премиерот Димитар Ковачевски. Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии за справување со енергетската криза. -Сметам дека во наредните денови министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата и за Буџетот и за граѓаните во поглед на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и преговорите со другите финансиски институции и кредитори, рече Ковачевски. Повтори дека во Министерството за труд и социјална политика веќе се подготвуават мерките за најранливите категории граѓани, а за компаните се прават калкулации за субвенционирање на цената на електричната енергија, но и за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена. Претходните антикризни мерки дале одличен резултат, го намалиле ценовниот шок и оптовареноста на граѓаните и компаниите, а сега се работи на нови мерки. На седницата на Економскиот совет во проширен состав  најтранспарентно биде претставени сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори. -Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ итн., каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата, но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ, рече Ковачевски. Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80 проценти субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле пет пати повисока цена на електрична енергија. -За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи,  за нас е референтна  унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите, рече Ковачевски.лв/фф/

Остани поврзан