• петок, 05 декември 2025

Коалиција Вреди: Иронијата е очигледна, токму Левица што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“

Коалиција Вреди: Иронијата е очигледна, токму Левица што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“

Скопје, 26 октомври 2025 (МИА) - Коалицијата Вреди со потсмев го гледа обидот на Левица, партија позната по говор на омраза, анти-НАТО ставови и ултранационалистичка реторика, да држи лекции за соживот и толеранција. Иронијата е очигледна, токму тие што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“, се вели во соопштението на Коалицијата Вреди, што МИА го пренесува интегрално.

Во нашата кампања, ниту еден кандидат на ВЛЕН не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето. 

А вистинската иронија е што ДУИ, преку својот нов коалиционен партнер – Левица, избра да се фати за партија анти-НАТО, доживувајќи ја како последна сламка за политички спас. Таа комбинација на очај и лицемерие веќе доби одговор на 19 октомври, кога граѓаните со јасна порака им ја покажаа вратата и на едните и на другите.

ВЛЕН останува единствената коалиција што доследно ги брани евроатлантските вредности. Затоа, секој обид ВЛЕН да се стави на исто рамниште со екстремистички партии е смешен уште од самиот почеток. Наместо да бараат внимание со лажен морализам, во Левица нека најдат храброст да побараат извинување за годините ширење омраза и поделби што им оставија трајни лузни на ова општество. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан