Коалицијата „Србија против насилство“ вечерва ќе одлучи дали ќе учествува на изборите закажани за 2 јуни
![Коалицијата „Србија против насилство“ вечерва ќе одлучи дали ќе учествува на изборите закажани за 2 јуни](https://mia.mk/images/20240419134730_big_730x400_48.webp )
Белград, 19 април 2024 (МИА) - Коалицијата „Србија против насилство“ вечерва ќе одлучи дали ќе учествува на изборите закажани за 2 јуни - изјави денеска лидерот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута. Тој на прес-конференцијата во Собранието на Србија прецизираше дека средбата е закажана за 19 часот и нагласи дека одлуката за тоа, „што и да е“ мора да биде заедничка.
Додаде дека Еколошкото востание ќе се залага за заеднички излез на изборите и повика на единство меѓу сите политички актери.
„Само заедно можеме да постигнеме промени“, рече Јовановиќ, чие Еколошко востание е дел од коалицијата „Србија против насилството“. зш/