• понеделник, 23 декември 2024

Клубовите во Ла Лига ќе ги продолжат колективните тренинзи на 1 јуни

Клубовите во Ла Лига ќе ги продолжат колективните тренинзи на 1 јуни
Мадрид, 30 јуни 2020 (МИА) - Екипите од Шпанското фудбалско првенство в понеделник, на 1 јуни, ќе можат да продолжат со колективни тренинзи. Ла Лига доби дозвола од Министерството за здравство на Шпанија. На почетокот од овој месец, играчите започнаа со индивидуални тренинзи. Подоцна, на тимовите им беше дозволено да се вклучат во групи од 10 лица. На 1 јуни ќе стапи на сила последната, четврта фаза од протоколот за обука, кога клубовите можат да започнат со групно тренирање. Продолжувањето на сезоната во Ла Лига, прекината во март заради пандемијата на коронавирус, е закажана за 11 јуни. зс/

Остани поврзан