Клоп: Тоа беше најдобриот натпревар на Ливерпул против Брајтон
- Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од прикажаната игра на неговиот тим во денешната победата над Брајтон (2:1) во 30. коло од Премиер лигата.

Ливерпул, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од прикажаната игра на неговиот тим во денешната победата над Брајтон (2:1) во 30. коло од Премиер лигата.
- Ова е нашиот најдобар натпревар против Брајтон на Де Зерби. Одлично е што можевме да играме паметно и паметно да се браниме. Денеска бевме смирени. Квалитетот на Брајтон е неверојатен. Тоа покажува колку бевме добри, изјави Клоп по натпреварот.
Ливерпул со 67 бодови во моментов е лидер на врвот на табелата во Премиер лигата. Брајтон е на 9. место со 42 бода. зс/
Фото: ЕПА