Клоп се надева дека Вајналдум ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул
- Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека играчот за врска Џорџињо Вајналдум ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Goal.com“.
Ливерпул, 7 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека играчот за врска Џорџињо Вајналдум ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Goal.com“.
- Уверен сум дека Вајналдум ќе потпише нов договор. Сега имаме многу добар тим и Холанѓанецот игра важна улога, истакна Клоп по синоќашната победа над Вулверхемптон со 4:0.
Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „Мерсисајдовите“ истекува следното лето.
Вајналдум оваа сезона одигра 11 натпревари и постигна еден гол. зс/