• петок, 17 април 2026

Клоп: Салах е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња

Клоп: Салах е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња


Ливерпул, 27 март 2026 (МИА) – Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘.
Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.
„Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. Нормални работи. Неверојатно е кога ќе ја погледнете пошироката слика. Неговата статистика е неспоредлива. Дали ќе зборуваме за ова за десет години и дали некој друг ќе ги достигне истите бројки? Ќе биде многу тешко за некој да го надмине. Салах е еден од најголемите фудбалери на сите времиња“, рече Јирген Клоп, цитиран од Би-Би-Си.
Салах му се приклучи на Ливерпул од Рома во летото 2017 година и оттогаш се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот.
Со 255 голови на 435 натпревари, Египќанецот е трет на листата најдобри стрелци на Ливерпул на сите времиња, зад Ијан Раш (346) и Роџер Хант (285).
Салах со Ливерпул освои осум трофеи – две титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот, Лига Купот и ФА Комјунити Шилд. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан