• петок, 10 мај 2024

Клоп: Ливерпул треба да го игнорира хаосот што го создаваат медиумите

Клоп: Ливерпул треба да го игнорира хаосот што го создаваат медиумите

Ливерпул, 30 март 2024 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побара од своите фудбалери во целост да ги игнорираат пишувањата на медиумите. Тој смета дека оваа стратегија е многу важна за успех во преостанатиот дел од сезоната.

- Мора да дадеме се од себе и да го игнорираме хаосот што медиумите се обидуваат да го создадат после секој натпревар. По секој натпревар тие објавуваат: Победивте; Изгубивте и веќе немате шанси; Сега сте шампиони; Сега мора да го направите ова. Само треба да ги игнорираме. Да бидеме исклучени од атмосферата која се создава и да гледаме напред. Нема да биде лесно, а на сите им треба среќа без повреди. Досега немавме среќа, но се надеваме дека момците ќе се вратат. Ни требаат. Потоа треба да најдеме начин да победиме на секој следен натпревар. Пред репрезентативната пауза имавме натпревари против Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а во некои делови од овие натпревари го прикажавме најдоброто издание во сезоната, Клоп.

Ливерпул утре од 15 часот го пречекува Брајтон. 

По 28.кола во Премиер лигата, Ливерпул е втор на табелата со 64 бодови, исто колку што има и лидерот Арсенал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан