Клоп: Артета е исклучителен тренер. Арсенал има добра рамнотежа помеѓу одбраната и нападот
- Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од 3. коло во Премиер лигата против Арсенал, предводен од Микел Артета.

Лондон, 25 септември 2020 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од 3. коло во Премиер лигата против Арсенал, предводен од Микел Артета.
- Не сум сигурен дали вреди да се спореди овој Арсенал со минатата сезона. Но, Микел Артета очигледно за многу краток временски период покажа дека е исклучителен тренер. Тимот што тој го гради сега - неговата структура - е апсолутно исклучителен.