• понеделник, 15 јули 2024

Кличко: Десетмина повредени во руски ракетен напад врз Киев

Кличко: Десетмина повредени во руски ракетен напад врз Киев

Киев, 21 март 2024 (МИА) - Десет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Тој на апликацијата Телеграм напиша дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку фирми, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда.

Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински се искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко.

Според првичните информации, се запалиле и автомобили.

„Во областа Подолск, како резултат на паѓање на ракетни остатоци, избувна пожар во трансформаторска станица и во двокатна нестанбена зграда“, информира Кличко.

Руските сили лансирале ракети од стратешките бомбардери Ту-95 за време на нападот, а во Киев и околните области се слушале силни експлозии. ссм/

фото: архива

Остани поврзан