• недела, 24 ноември 2024

Кирби: САД одржуваат „соодветна“ одбранбена позиција во однос на заканите од Северна Кореја

Кирби: САД одржуваат „соодветна“ одбранбена позиција во однос на заканите од Северна Кореја

Вашингтон, 24 јануари 2024 (МИА) - Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, денеска изјави дека САД одржуваат „соодветна“ одбранбена положба наспроти севернокорејските закани, во услови на зголемени тензии со тестовите на оружје и запаливата реторика од Пјонгјанг.

- Сакам да бидам внимателен. Не навлегуваме во разузнавачки проценки. Но, јас ја набљудувам ситуацијата многу внимателно и само би ви кажал дека остануваме уверени дека одбранбената положба што ја одржуваме на полуостровот е соодветна за ризикот, изјави Кирби, одговарајќи на прес-конференција на прашањето дали Северна Кореја потенцијално се подготвува за конфликт.

- Она што не загрижува е продлабочувањето на односите меѓу Северна Кореја и Русија бидејќи е очигледно дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе има корист од тоа, бидејќи не само што имаат балистички ракети и нивна употреба во Украина, туку и артилериски гранати, додаде Кирби.

Кирби, исто така, тврди дека Русија користела балистички ракети произведени во Северна Кореја за време на војната во Украина.

Северна Кореја ги зголеми тензиите кога неодамна лансираше балистичка ракета со среден дострел со цврсто гориво со хиперсонична боева глава. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, исто така, го означи Сеул како „непроменет главен непријател“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан