• недела, 22 декември 2024

Кирби: Белата куќа смета дека ескалација на конфликтот на Блискиот Исток не е неизбежна

Кирби: Белата куќа смета дека ескалација на конфликтот на Блискиот Исток не е неизбежна

Вашингтон, 1 август 2024 (МИА) - Белата куќа не смета дека ескалација на конфликтот е неизбежна по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, и соопшти дека сè уште работи на постигнување прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и Газа.

На редовниот дневен брифинг со новинарите, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека е прерано да се каже дали најновите случувања на Блискиот Исток ќе влијаат на изгледите за договор за прекин на огнот.

Тој додаде дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за настаните на Блискиот Исток, пренесуваат британските медиуми.

Белата куќа, меѓутоа, оценува дека израелските напади во кои беа убиени командантот на Хезболах во Бејрут и политичкиот лидер на Хамас во Техеран не помагаат во намалувањето на регионалните тензии, иако нема знаци дека е неизбежен поширок конфликт, пренесоа француските медиуми.

„Овие извештаи во изминатите 24 до 48 часа сигурно не помагаат во падот на температурата“, изјави Кирби, додавајќи дека „очигледно сме загрижени поради ескалацијата“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан