• четврток, 25 април 2024

Кипар укинува голем дел од Ковид мерките

Кипар укинува голем дел од Ковид мерките

Никозија, 31 март 2023 (МИА) Укинување на задолжителната маска во јавниот превоз, намалување на плафонот на цените на тестовите, укинување на задолжителниот сертификат за вработените во болниците и центрите за стари лица, укинување на задолжителната изолација од 14 дена за нелегалните мигранти кои пристигнуваат во земјата, се дел од промените што ги воведува Кипар во однос на Ковид-19.

Како што пренесуваат кипарските медиуми, со веќе објавениот претседателски декрет, дополнително се олабавуваат или целосно се укинуваат дел од постоечките мерки за заштита од Ковид-19.

Поконкретно, за посета на болниците, старечките домови и други затворени структури за грижа и сместување на стари лица и ранливи групи, остануваат задолжителни и негативниот тест за лица над 12-годишна возраст и употребата на заштитна маска.

Непроменети остануваат и упатствата за задолжителна изолација од пет до седум дена за позитивните случаи, додека пак се укинува префрлањето на заразените од хотели во специјални простори за изолација.

Промени има и во цените на тестовите, односно плафонот за ПЦР од 30 се намалува на 25 евра, а на брзиот тест од десет на пет евра.

Во изминатата седмица на Кипар биле регистрирани 950 случаи на Ковид-19 и починале четири лица.ср/

Остани поврзан