• петок, 22 ноември 2024

Кин: Ливерпул е фаворит за титулата во Англија

Кин: Ливерпул е фаворит за титулата во Англија

Ливерпул, 1 април 2024 (МИА) - Ливерпул веќе е фаворит за освојување на титулата во Премиер лигата, тврди поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и сегашен стручњак на „Скај спортс“, Рој Кин.

„Црвените“ го победија Брајтон со 2:1 и се издвоија на врвот на табелата по ремито без голови помеѓу Арсенал и Манчестер Сити на Етихад.

-За мене лично Ливерпул е фаворит. Моментално го ставам Арсенал на второто место на фаворитите поради нивната гол-разлика. Сити има повреди и многу натпревари во Лигата на шампионите, исто како и Арсенал, така што за мене тие се трети, рече тој, цитиран од „Скај Спортс“.

Гери Невил, исто така поранешен играч на Јунајтед и сегашен аналитичар на „Скај Спортс“, го фаворизира Арсенал во битката за титулата.

Сепак, тој верува дека Ливерпул ќе има многу добри шанси да стане шампион доколку „црвените“ ги победат Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед оваа недела.

-Пред репрезентативната пауза, Арсенал дефинитивно беше во подобра форма. Ливерпул се разигра после тоа, но перформансите на Арсенал во тој период беа навистина на многу високо ниво. Многу е важно што ќе се случи оваа недела бидејќи во завршните фази е важно да се биде во топ форма, рече тој. дс

Фото: Архива

Остани поврзан